logo
logo
logo

Нетанјаху: Иран градеше бункери за да ја заштити својата „програма за атомска бомба

Vecer | 03.03.2026

Нетанјаху: Иран градеше бункери за да ја заштити својата „програма за атомска бомба

Нетанјаху во интервју за Фокс Њуз рече дека „моравме да дејствуваме сега“.

- Тие почнаа да градат нови локации … подземни бункер кои би ги направиле нивната програма за балистички ракети и нивната програма за атомска бомба имуни во рок од неколку месеци – рече Нетанјаху.

Израел го нападна Иран во јуни во, како што рече, обид да ја осакати иранската програма за нуклеарна одбрана. Иран тврдеше дека развива нуклеарни капацитети само за цивилна употреба.

Двете земји се договорија за прекин на огнот по 12 дена борби, по американското бомбардирање на трите нуклеарни објекти во Исфахан, Натанц и Фордо.

- Човек би помислил дека ќе научат лекција, но не научија. Затоа што тие се непоправливи, тие се тотални фанатици за ова, за целта да ја уништат Америка – рече Нетанјаху.

- Ако не се преземеше акција сега, никаква акција не би можела да се преземе во иднина. И тогаш тие би можеле да ја таргетираат Америка, би можеле да ја уценуваат Америка, би можеле да не загрозат нас и да ги загрозат сите помеѓу, истакна израелскиот премиер.

САД и Израел во саботата почнаа офанзива од големи размери против Иран, предизвикувајќи регионална ескалација во која Техеран лансира ракети кон американските бази во неколку заливски држави.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk