logo
logo
logo

Несреќа во забавен парк: Се откачи кабина, 13 се повредени- загина полицаец кој сакал да им помогне (ВИДЕО)

Vecer | 10.02.2026

Несреќа во забавен парк: Се откачи кабина, 13 се повредени- загина полицаец кој сакал да им помогне (ВИДЕО)

Адреналинското возење наречено „Цунами“ заврши со трагедија, а сѐ е снимено на камера.

Објавеното видео го покажува моментот кога целата кабина се олабавила на сред возење, предизвикувајќи паника меѓу луѓето.

Сакаше да помогне, а потоа почина

Врисоците од возбуда набрзо се претворија во крици на ужас кога кабината удри во земјата, при што 13 лица беа повредени, пренесува Daily Mail.

Полицискиот инспектор Јагдиш Прасад, кој притрча да помогне, е тешко повреден бидејќи се отпушти и втората кабина. Тој бил пренесен во болница со повреди на главата, но подоцна починал. Полицаецот требало да се пензионира во март по 36 години стаж.

Повредените посетители се пренесени во две болници. Недолго потоа, локалните медиуми објавија дека претходно истиот ден едно дете завршило во болница откако силните ветрови предизвикале уривање на влезот во забавниот парк.

Помош за повредените лица

„Инцидентите се истражуваат и ќе преземеме мерки против одговорните“, соопшти полицијата.

Според првичните информации, трагедијата ја предизвикал механички проблем, а не временските услови.

„Длабоко сум шокиран од несреќата што се случи во Фаридабад. Изразувам сочувство до семејството на жртвата. Дадени се потребните инструкции до надлежните органи за да се обезбеди соодветна и итна медицинска помош на повредените“, изјави главниот министер на Харајана, Наџаб Саини.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk