logo
logo
logo

Нема преживеани во падот на руски воен авион, загинаа сите седум члена на екипажот

Vecer | 09.12.2025

Нема преживеани во падот на руски воен авион, загинаа сите седум члена на екипажот

Според извештаите, покрената е кривична постапка за кршење на правилата за подготовка на летот, пренесува РИА Новости.

Руските медиуми претходно денес објавија дека воен транспортен авион со седум членови на екипажот се урна во регионот Иванов, североисточно од Москва.

„Според прелиминарните податоци, авион Ан-22 се урна во регионот Иванов“, изјави утрово локален функционер, потврдувајќи дека во авионот имало седум лица, пренесува ТАСС.

Авионот Ан-22 тргнал на пробен лет по поправките.

Несреќата се случила во близина на вештачкото езеро Уводскоје, а фрагменти од авионот биле забележани во водата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk