logo
logo
logo

Нема преживеани во авионската несреќа, потврди градоначалничката на Вичита

Vecer | 30.01.2025

Нема преживеани во авионската несреќа, потврди градоначалничката на Вичита

Таа рече дека во градот владее голема тага и дека деталите за трагедијата се уште доаѓаат.

Таа им се заблагодарува на итните служби кои работеа цела ноќ. Со солзи во очите потврди дека ѝ било кажано дека нема преживеани.

„Ова е ужасна трагедија што ќе го обедини градот“, вели Ву, додавајќи дека „семејствата на жртвите ќе бидат известени пред да бидат објавени нивните идентитети“.

Во тек е „многу сложена“ операција за пребарување и спасување откако патнички авион се судри со воен хеликоптер над Вашингтон. Досега се пронајдени телата на 27 лица од авионот и едно лице од хеликоптерот.

Авионот на Американ ерлајнс, со 60 патници и четворица членови на екипажот, слетувал на националниот аеродром Роналд Реган, кога во воздух се судрил со воен хеликоптер Блек Хок во кој се наоѓале тројца војници. Двете летала паднале во реката Потомак, а леталото по ударот се скршило на два дела. Во акцијата за пребарување и спасување учествуваат повеќе од 300 луѓе.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk