logo
logo
logo

Неколку лица се повредени во судир на легендарниот „Летечки Шкотланѓанец“

Vecer | 30.09.2023

Неколку лица се повредени во судир на легендарниот „Летечки Шкотланѓанец“

Националниот железнички музеј соопшти дека инцидентот се случил вчера на станицата Авејмор во националниот парк Кернгормс, пренесе АП.

Станицата е седиште на железничката линија која ги носи посетителите на патувања со парен воз во северна Шкотска.

Возот, кој често се опишува како најпознатата парна локомотива во светот, требало да започне да организира кратки патувања овој викенд како дел од прославата на стогодишнината.

Од „Стрејтспреј Реилвеј“ соопштија дека денеска нема да се организираат патувања и дека е неизвесно дали ќе има утре.

По судирот две лица превентивно се хоспитализирани, но се верува дека не се здобиле со сериозни повреди.

Медицинските екипи на лице место им помогнале на уште три лица, на кои не им требало болничко лекување.

Полицијата соопшти дека истрагата е во тек.

„Летечкиот Шкотланѓанец“ почнал да превезува патници во 1923 година, а своето познато име го добил една година подоцна.

Возот ги поврзувал патниците од Лондон до Единбург.

Светската слава ја стекна кога на специјално пробно возење во 1934 година забележал брзина од 160 километри на час, со што стана првиот воз во Велика Британија кој ја достигнал таа брзина.

Возот бил „пензиониран“ од редовен сообраќај во 1963 година.

Оттогаш, возот ги обиколи САД и Австралија и продолжи да превезува патници на специјални патувања во Британија сѐ додека не го презеде Националниот железнички музеј во Јорк, кој во последните години започна проект за реставрација вреден повеќе милиони фунти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk