logo
logo
logo

Не попушта ситуацијата во Србија, повторно над 5.000 новозаразени

Vecer | 19.03.2021

Не попушта ситуацијата во Србија, повторно над 5.000 новозаразени

Според најновите податоци кои ги пренесуваат српските медиуми, во Србија денеска се евидентирани 5.305 нови случаи на коронавирус од 17.208 направени тестови.

Регистрирани се и 29 смртни случаи во текот на изминатото деноноќие.

Во болниците има 228 пациенти кои се на респиратори, од вкупно 5.277 хоспитализирани поради компликации со Ковид-19.

Во Белград заклучно со вчера, вакцинирани се 402.521 лице, односно 28,65 проценти од возрасната популација, а ревакцинирани се 243.065 граѓани или 17,3 проценти од возрасната популација.

Епидемиологот и член на Кризниот штаб Бранислав Тиодоровиќ вели дека од понеделник училиштата најверојатно ќе останат отворени за учениците од пониските одделенија во основното образование.

Според него, основците од повисоките одделенија и средношколците ќе продолжат да ја следат наставата од далечина, преку интернет.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk