logo
logo
logo

Навроцки положи заклетва како нов полски претседател

Vecer | 06.08.2025

Навроцки положи заклетва како нов полски претседател

42-годишниот историчар и националист победи во вториот круг од претседателските избори во Полска на 1 јуни оваа година.

Церемонијата на положување заклетва се одржа за време на свечената седница на двата дома на полскиот парламент.

Навроцки ќе биде претседател пет години. Тој ја презема функцијата од Анджеј Дуда, поврзан со партијата „Право и правда“, која до пред две години владееше со Полска.

Полската влада сега е проевропска и ја предводи поранешниот претседател на Европскиот совет Доналд Туск. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk