logo
logo
logo

Навроцки го нападна Туск: Најлошиот премиер од 1989

Vecer | 06.06.2025

Навроцки го нападна Туск: Најлошиот премиер од 1989

Во своето прво интервју по победата на претседателските избори во неделата, Навроцки за ДПА изјави дека од Претседателската палата ќе има „силна спротивставеност“ на политиките на Туск.

- Ќе реагирам цврсто и решително на секоја провокација, порача Навроцки.

Левичарско-либералната коалиција на Туск, која дојде на власт на крајот на 2023 година, е под зголемен притисок по поразот на либералот и градоначалник на Варшава, Рафал Тшасковски, кој загуби од конзервативецот Навроцки во тесна трка за претседател.

Победата на Навроцки значително ќе ги отежне обидите на Туск за спроведување проевропски реформи, со оглед на тоа што новиот претседател е евроскептик и ќе има право на вето.

Туск најави дека на 11 јуни ќе побара доверба од парламентот за да ја потврди стабилноста на неговата коалиција.

Навроцки, историчар по професија, ја доби поддршката од националистичкиот и конзервативен лидер на „Право и правда“, Јарослав Качински. За време на изборната кампања отворено најави дека му е цел да ја собори владината коалиција на Туск. Сепак, истакна дека би можел да соработува со Туск по прашања од стратешко значење, како благосостојбата на државата. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk