logo
logo
logo

Науседа: Досегашниот министер за финансии на Литванија, Римантас Шаџус ќе ја предводи привремената влада

Vecer | 04.08.2025

Науседа: Досегашниот министер за финансии на Литванија, Римантас Шаџус ќе ја предводи привремената влада

Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа изјави дека го назначил досегашниот министер за финансии Римантас Шаџус за вршител на должноста премиер додека биде формиран новиот кабинет, по оставката поднесена денеска од премиерот Гинтаутас Палукас.

Палукас во четвртокот објави дека ќе се повлече од функцијата поради притисок да го стори тоа поради неговите бизнис врски со компанија во сопственост на неговата снаа.

„Го избрав Римантас Шаџус да биде привремен премиер до формирање на новата влада“, рече Науседа во декрет објавен денеска од неговата канцеларија.

Аналитичарите очекуваат следниот премиер повторно да го избере Социјалдемократската партија на Литванија, но неговиот избор е предмет на гласање во Парламентот, каде што групата, која е најголема во Сејмот, има само 52 од 141 места. Парламентот по летната пауза треба да одржи седница на 10 септември.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk