Во меѓувреме, високи официјални лица од Администрацијата на Бајден, министерот за внатрешна безбедност, Алехандро Мајоркас и администраторот на федералата Агенција за менаџирање вонредни состојби, Дајан Крисвал, пристигнаа во Мисисипи денеска на средби со локални службеници за првично разгледување на штетите и одредување федерална помош за настраданите подрачја.
Претседателот на САД Џо Бајден претходно, по катастрофаните разрушувања во делови од Мисисипи, објави вонредна состојба во таа држава и одобри федерална помош за подршка на Мисисипи. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата