Таа беше соборена од воздухопловните сили на НАТО во областа над Источниот Медитеран.
Според податоците, дел од пресретнатата ракета паднала на отворена површина во регионот Хатај.
Според првичните информации, немало жртви или повредени.
„Балистичката ракета, лансирана од Иран, била откриена додека се движела кон турскиот воздушен простор по преминувањето на ирачкиот и сирискиот воздушен простор и била брзо пресретната и неутрализирана од воздушните и ракетните одбранбени елементи на НАТО распоредени во Источниот Медитеран“, се вели во соопштението на Министерството.
„Нашата решителност и капацитет да ја обезбедиме безбедноста на нашата земја и граѓаните се на највисоко ниво. Иако Турција ја поддржува регионалната стабилност и мир, таа е способна да ја обезбеди безбедноста на својата територија и граѓаните, без оглед на тоа од кого или од каде доаѓа заканата. Секој чекор преземен за одбрана на нашата територија и воздушен простор ќе биде преземен решително и без двоумење. Ве потсетуваме дека го задржуваме правото да одговориме на секој непријателски став кон нашата земја“, се додава во соопштението.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата