Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека ниту една земја членка не треба да се противи на зголемувањето на буџетот за одбрана на 5% од бруто домашниот производ.
На самитот кој се одржува во Хаг, се очекува членките формално да го поддржат ова зголемување, што ќе значи поголеми финансиски издвојувања за одбраната во сите држави од Алијансата.
Во НАТО нема опција за посебно учество, ниту пак се склучуваат поединечни договори. Од суштинско значење е секоја држава да го преземе својот дел од одговорноста.
Сепак, пред само неколку дена, Шпанија објави дека постигнала договор со Алијансата да биде исклучена од новиот модел на буџетирање. Според премиерот Педро Санчез, ова правило нема да важи за сите земји.
Руте истакна дека остварувањето на целта од 5% од БДП е сериозен предизвик, особено поради тоа што повеќе држави се соочуваат со потешкотии да обезбедат дополнителни милијарди за воените потреби.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата