logo
logo
logo

НАТО ја потврдува својата посветеност на Западен Балкан и покрај изоставувањето во новата декларација

Vecer | 25.06.2025

НАТО ја потврдува својата посветеност на Западен Балкан и покрај изоставувањето во новата декларација

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Алијансата останува силно ангажирана на Западен Балкан, иако регионот не беше споменат во завршната декларација од Самитот во Хаг. Ова го потврди на прес-конференција по состанокот на Северноатлантскиот совет на највисоко ниво, што се одржа во холандската престолнина.

Не се работи за класична декларација какви што сме гледале во минатото, кога имаше десетици страници и параграфи кои опфаќаа широка тематика. Сметам дека тоа нема смисла. Овојпат се одлучивме за поконцизен пристап.

Марк Руте

Руте потенцираше дека НАТО ја продолжува својата посветеност на стабилноста во Западен Балкан преку ангажмани во рамките на мисијата КФОР во Косово и во мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Тој напомена дека неодамна го посети регионот, каде што остварил средби со косовските и босанските лидери, како и неформална вечера со српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел.

Остануваме активни во регионот и тесно соработуваме со Европската унија. Суштински, ништо не е изменето – иако во последната декларација се задржавме на три клучни теми во пет параграфи.

Марк Руте

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk