logo
logo
logo

Нападите врз Иран го принудија Кремљ да ја прекине соработката со МААЕ

Vecer | 25.06.2025

Нападите врз Иран го принудија Кремљ да ја прекине соработката со МААЕ

- Оваа одлука е директна последица на неиспровоцираниот напад врз Иран, на невидените удари врз нуклеарните постројки, изјави Песков на дневен брифинг со новинари.

Како што пренесе Би-Би-Си, тој додаде дека „угледот на МААЕ е сериозно оштетен во оваа ситуација. Затоа, оваа ситуација природно предизвикува загриженост“.

Коментирајќи ги спротивставените извештаи за штетата нанесена на иранската нуклеарна програма, Песков рече дека е премногу рано да се каже.

- ислам дека никој сè уште нема реални податоци, истакна тој.

Во изјавите пренесени од руските новински агенции, тој не ги именуваше земјите кои ги извршија нападите.

Москва го гледа Иран како сојузник и ги осуди неодамнешните напади врз него како „неиспровоцирани“. Сепак, претходно оваа недела, Песков го минимизираше можното влијание што би можело да го има врз билатералните односи меѓу Москва и Вашингтон. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk