logo
logo
logo

Напад со нож во метро станица во Токио- најмалку две лица се повредени

Vecer | 07.05.2025

Напад со нож во метро станица во Токио- најмалку две лица се повредени

Јапонскиот радиодифузен сервис NHK објави дека напаѓачот бил виден како мавта со кујнски нож на перонот на една од станиците на линијата на метрото Намбоку, пренесува АП.

Полицијата во Токио уапси осомничен на местото на настанот под сомнение за обид за убиство и спроведува истрага, според NHK.

Полицијата одби да ги потврди медиумските извештаи, истакнувајќи дека сè уште не е издадено официјално соопштение за тековниот случај.

Сообраќајот бил привремено запрен поради „инспекција“ на вагоните на метрото, соопшти компанијата „Токио метро“.

Иако Јапонија е позната по својата безбедност, во последниве години има зголемен број напади на јавни места со употреба на ножеви или рачно изработени експлозиви, соопшти агенцијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk