Повредените моментално добиваат итна медицинска помош, а според медиумите напаѓачот е фатен.
Британските медиуми јавуваат дека нападот со нож се случил во близина на супермаркетот Асда во Кројдон, пишува Мирор.
Службите за итни случаи пристигнале на местото на настанот на Марлоу Веј веднаш по 11 часот, каде пронашле четири повредени жртви кои, наводно, биле избодени со нож во „случаен напад“ на паркинг.
Полицијата соопшти дека 54-годишниот напаѓач бил пренесен во болница каде неговите повреди се оценети како неопасни по живот.
Како што пренесуваат медиумите, напаѓачот до вратата дошол вооружен со нож каде бил запрен од обезбедувањето. Меѓутоа, тој ги нападнал чуварите и повредил тројца работници.
"Дојде до вратата и рече дека работи во супермаркетот. Чуварот се соочил со него и го удрил и тој бил избоден. Потоа повеќе мажи се обиделе да помогнат, а уште тројца биле избодени", рекол вработен во супермаркет.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата