Во финскиот град Тампере, во близина на еден од трговските центри, денеска дојде до напад со нож при кој се повредени неколку лица. Полицијата соопшти дека е приведен осомничен и дека процентот на ризик за останатите граѓани е намален.
Повредените се згрижуваат и им е укажана прва помош. Засега, органите на редот не откриваат повеќе информации за состојбата на повредените ниту за мотивите на сторителот.
Локалните медиуми јавуваат дека сообраќајот во централните делови на Тампере, трет по големина град во Финска кој се наоѓа околу 180 километри северно од Хелсинки, е делумно блокиран поради полициската интервенција.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата