logo
logo
logo

Намален бројот на населението во Јапонија, за една година 550.000 луѓе помалку

Vecer | 14.04.2025

Намален бројот на населението во Јапонија, за една година 550.000 луѓе помалку

 Во Јапонија во октомври 2024 година живееле 123,8 милиони луѓе, односно за 550.000 помалку од 2023 година, соопштија денеска локалните власти, додавајќи дека ова е најголемо намалување на бројот на населението од 1950 година, кога почнало собирањето податоци.

Стапката на наталитет во Јапонија е меѓу најниските во светот, тренд што доведе до намалување на работната сила, помали трошоци и тешкотии во наоѓањето вработување.

„Стапката на наталитет продолжува да опаѓа бидејќи многу луѓе кои сакаат да воспитуваат деца не можат да ги исполнат своите желби“, рече портпаролот на јапонската влада Јошимаса Хајаши.

Многу млади Јапонци го одложуваат бракот и раѓањето деца од различни причини, од несигурност во работата до менување на општествените вредности кои ставаат помал акцент на бракот.

Додека Јапонија се сврте кон младите странски работници, властите одржуваат строга политика за имиграција, дозволувајќи им само привремен влез на странски работници.

Владата, исто така, се обидува да ги зголеми платите на младите, а истовремено помага во образованието на децата, рече Хајаши.

„Ќе промовираме сеопфатни мерки за создавање општество во кое сите оние кои сакаат да имаат деца ќе можат да имаат и да ги одгледуваат во мир“, додаде портпаролот на јапонската Влада. 

Фото: ЕПА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk