logo
logo
logo

Најмалку шест жртви во израелски напади врз Бејрут

Vecer | 18.03.2026

Најмалку шест жртви во израелски напади врз Бејрут

Како што соопшти либанското Министерство за здравство, силна експлозија е регистрирана во областа Башура, која беше цел на израелски напад и минатата недела.

Претходно израелските власти предупредија за нападот.

Цел на нападите биле и објекти во населбата Зокак ал-Блат во центарот на Бејрут, каде и минатата седмица израелската армија ракетираше филијали на финансиската компанија Ал-Кард ал-Хасан, поврзана со Хезболах.

Друг напад е извршен врз централната област Баста, а сведоци укажуваат на серија детонации.

Сите ракетирани и бомбардирани објекти утрово се наоѓаат во непосредна близина на владини згради, а најмногу напади се изврпени во близина на Министерството за финансии и седиштето на претседателот на Владата на Либан.

Денешните изралески напади се случуваат откако претходно во текот на ноќта припадници на Хезболах лансираат десетици ракети кон северниот дел на Израел. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk