logo
logo
logo

Најмалку едно лице загина во напад со автомобил во Франција

Vecer | 30.08.2025

Најмалку едно лице загина во напад со автомобил во Франција

Автомобилот удрил во група луѓе пред еден бар во Евре околу 4 часот наутро, кога дошло до расправија меѓу неколку посетители на барот, пренесува телевизијата BFM.

Обезбедувањето потоа одлучило да исфрли надвор околу стотина луѓе кои биле во објектот, по што се претпоставува дека едно лице отишло по возило и намерно со голема брзина влетало во толпата луѓе пред објектот.

Сите повредени се хоспитализирани во Универзитетската болница во Евре, а поради инцидентот приведени се три лица.

Според изјава на локалните власти, покрената е истрага за убиство и обид за убиство, а исклучен е каков било „терористички или расистички“ мотив.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk