logo
logo
logo

Најмалку двајца загинати во цунами во Кејп Таун- бранови високи над 9 метри носат сѐ пред себе

Vecer | 18.09.2023

Најмалку двајца загинати во цунами во Кејп Таун- бранови високи над 9 метри носат сѐ пред себе

Метеоролошката служба соопшти дека забележаните бранови биле високи и до 9,5 метри, кои оштетиле згради на крајбрежјето за време на викендот, пренесе АП.

Јужноафриканската метеоролошка служба објави дека 50 отсто од крајбрежјето на земјата е под налет на големите бранови.

Две лица загинаа, а најмалку седум се повредени, се наведува во соопштението.

По должината на брегот, океанот се разбранува во текот на викендот, пробивајќи ги оградите, патиштата и зградите.

Во заливот Гордон во близина на Кејп Таун, водата потопи автомобили, а некои плажи беа затворени.

Оштетувања се забележани на голем број места од периферијата на Кејп Таун на југозапад до источниот брег во провинцијата КваЗулу-Натал, соопштија властите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk