Во еден напад бил погоден дом во областа Џабалија во северна Газа, најизолираниот и тешко оштетен дел од територијата, каде што Израел спроведува голема операција од почетокот на октомври.
Министерството за здравство на Газа соопшти дека седум лица, меѓу кои една жена и четири деца, загинале, а најмалку десет се ранети.
Во друг напад ноќеска во бегалскиот камп Буреиџ во центарот на Газа, загинаа една жена и едно дете, соопшти болницата Ал Акса, во која биле донесени нивните тела.
Војната почна откако милитантите на Хамас извршија терористички напад во јужниот дел на Израел на 7 октомври 2023 година, убивајќи околу 1.200 луѓе и киднапирајќи околу 250.
Околу 100 заложници се уште се во Газа, но се стравува дека третина од нив се мртви.
Како одговор на терористичкиот напад на Хамас, Израел почна војна во Газа, при што загинаа повеќе од 45.000 Палестинци во воздушна и копнена офанзива, според податоци на Министерството за здравство на Хамас.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата