logo
logo
logo

Најмалку четворица загинаа откако брод за вадење нафта се преврте во Суецкиот Залив

Vecer | 02.07.2025

Најмалку четворица загинаа откако брод за вадење нафта се преврте во Суецкиот Залив

Бродот се преврте вчера вечерта во близина на градот Рас Гареб, на африканската страна од Суецкиот Залив, соопшти египетското министерство за нафта.

-На бродот имало 30 работници кога се превртел, изјави Амр Ханафи, гувернер на покраината Црвено Море.

Спасувачките екипи пронашле четири тела и спасиле две лица, додека 22 други биле однесени во болници, изјави египетскиот гувернер.

Тој рече дека бродови на египетската морнарица се вклучени во тековната операција за пребарување и спасување на четворицата исчезнати членови на екипажот.

Превртувањето се случило во област наречена Габел ел-Зејт, важно египетско место за производство на нафта, околу 300 километри јужно од Суецкиот канал, соопшти министерството.

Превртувањето веројатно нема да предизвика прекини во бродскиот сообраќај што минува низ каналот, кој го поврзува Суецкиот Залив со Средоземното Море. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk