logo
logo
logo

Најмалку 80 политички затвореници ослободени во Венецуела

Vecer | 25.01.2026

Најмалку 80 политички затвореници ослободени во Венецуела

- Луѓе се пуштени од затвори низ целата земја и треба да има повеќе ослободувања од затвор, објави на Икс, Алфредо Ромеро, директор на венецуелската група за заштита на човековите права Форо Пенал.

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез завчера изјави дека од затвор се пуштени 626 лица, но не прецизираше кога затворениците се ослободени.

Форо Пенал, сепак, претходно потврди за ослободување на само 156 политички затвореници од Венецуела од 8 јануари.

Родригез изјави дека утре треба да разговара со високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Фолкер Турк, за да побара од ОН да ги потврди списоците на луѓе кои досега се ослободени. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk