И во Турција е прогласен национален ден на жалост откако најмалку 76 лица ги загубија животите во пожарот што избувна во хотел во ски-центарот Карталкаја, во Турција.
Турскиот министер за внатрешни работи потврди дека бројот на загинати во пожарот се искачи на 76.претходно беше соопштено дека во пожарот е повредено 51 лице, од кои еден е во критична состојба. Седумнаесет од нив по укажаната лекарска помош биле пуштени од болница.
Во рамките на истрагата за пожарот во хотелот досега се уапсени девет лица.карталкаја, е една од најважните зимски туристички дестинации во турција, привлекувајќи илјадници посетители за време на скијачката сезона.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата