Несреќата се случила во раните утрински часови на патот меѓу градовите Ујуни и Колчани, кога едно од возилата излетало на спротивната лента, јавува Ројтерс.
„Како резултат на оваа трагична несреќа, имаме 39 повредени лица кои се хоспитализирани во четири болници во градот Ујуни, додека 37 лица ги загубија животите“, изјави за новинарите портпаролот на Одделот за команда на полицијата во Потоси.
Полициските службеници работат на идентификување на загинатите и повредените кои се хоспитализирани, додаде портпаролот.
На местото на несреќата, кран превртел еден од автобусите, додека полициските службеници од оштетените возила ги извлекле телата на жртвите и ги однеле завиткани во ќебиња.
Според прелиминарната истрага, еден од автобусите преминал на спротивната лента, најверојатно поради пребрзо возење, што довело до судир, соопшти боливиското Министерство за внатрешни работи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата