logo
logo
logo

Најмалку 22 убиени во терористички напад во грчка православна црква во Дамаск

Vecer | 23.06.2025

Најмалку 22 убиени во терористички напад во грчка православна црква во Дамаск

Според властите, маж отворил оган за време на вчерашната богослужба во грчката православна црква „Пророк Илија“ во населбата Двела, по што детонирал експлозив, додавајќи дека напаѓачот бил поврзан со Исламска Држава. Досега ниедна група не ја презела одговорноста за нападот. Властите кажаа дека бомбата експлодирала на влезот во црквата, поради што имало жртви и во и пред објектот. Во црквата во тој момент имало околу 350 луѓе. Ова е прв ваков напад во дамаск откако бунтовниците го соборија режимот на Башар Ал-Асад во декември. Сириските власти го опишаа нападот како терористички, додавајќи дека исламска држава и преостанатите членови на соборената влада се обидуваат да ја дестабилизираат земјата

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk