logo
logo
logo

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

Vecer | 03.11.2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

- Во провинциите Балк и Саманган загинаа 20 лица, а 320 се повредени, изјави за новинарите портпаролот на Министерството за здравство, Шафарат Заман, додавајќи дека ова е привремен биланс.

Земјотресот се случи синоќа околу 20:30 часот по средноевропско време во Холм, во провинцијата Саманган, во близина на градот Мазар-е-Шариф, на длабочина од 28 километри, соопшти Американскиот геолошки институт (УСГС).

Сината џамија во Мазар-е-Шариф од 15 век е оштетена во земјотресот, јавија локални медиуми. Камења се откинале од импозантната зграда, украсена со блескави плочки, особено од минарињата.

Потресот се почувствувал во текот на ноќта сѐ до Кабул.

Авганистан често е погоден од земјотреси, особено во планинскиот венец Хиндукуш, близу спојот на евроазиската и индиската тектонска плоча. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk