logo
logo
logo

Најмалку 20 ученици и двајца наставници загинаа во воздушен напад на хунтата во Мјанмар

Vecer | 12.05.2025

Најмалку 20 ученици и двајца наставници загинаа во воздушен напад на хунтата во Мјанмар

Претходно, владата во сенка на Мјанмар објави дека најмалку 17 ученици се убиени, а 20 повредени во напад врз училиште управувано од националната влада во сенка, извршен и покрај прекинот на огнот прогласен по катастрофалниот земјотрес во земјата кон крајот на март, објави Еј-Би-Си Њуз.

Училиштето, управувано од Националната влада во сенка, се наоѓа во градот Депајин во регионот Сагаинг во централен Мјанмар, околу 160 километри северно од Мандалај и недалеку од епицентарот на земјотресот што го погоди Мјанмар на 28 март.

Минатата недела, воената хунта на Мјанмар објави дека го продолжува примирјето прогласено по земјотресот до 31 мај, но и покрај ова, воените воздушни напади и артилериските напади продолжија во некои делови од Мјанмар.

Хунтата во Мјанмар го продолжи привременото примирје за да ги поддржи напорите за обнова по земјотресот во март, во кој загинаа најмалку 3.700 луѓе и беа опустошени делови од земјата.

Националната влада во сенка ги претставува остатоците од избраната администрација на земјата, која беше соборена со државен удар од страна на војската и други групи кои се спротивставуваа на воената хунта.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk