logo
logo
logo

Најмалку 20 луѓе загинаа во израелските напади врз Појасот Газа

Vecer | 25.05.2025

Најмалку 20 луѓе загинаа во израелските напади врз Појасот Газа

Според палестинските здравствени власти израелската армија извршила напади брз Кан Јунис во северниот дел на палестинската енклава, врз Џабалија во северниот дел на Појасот Газа и врз Нусеират во централниот дел.

Новинарот Хасан Мајди Абу Варда и неколку членови на неговото семејство загинаа утрово во Џабалија откако авионска бомба го погоди неговиот дом. Според Канцеларијата за медиуми на Хамас, со убиството на Варда, бројот на убиени палестински новинари од почетокот на војната во Појасот Газа се искачи на 220.

Во друг воздушен напад во Нусеират загина висок претставник на палестинската цивилна итна служба Ашраф Абу Нар и неговата сопруга.

Вооруженото крило на Хамас и Исламски џихад соопштија дека нивните борци денеска извршиле неколку заседи и бомбашки напади врз израелските војници, кои дејствуваат во Појасот Газа.

Откако Хамас на 7 октомври 2023 година го нападна Израел, што ја иницираше војната во Појасот Газа, вкупно загинале 53.901 жител на палестинската енклава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk