logo
logo
logo

Најмалку 16 загинати во пожар во рудник за јаглен во Кина

Vecer | 24.09.2023

Најмалку 16 загинати во пожар во рудник за јаглен во Кина

Пожарот бил изгаснат, но „по прелиминарна проверка, било откриено дека 16 лица повеќе не даваат знаци на живот“, објавија властите на градот Панжу, кој се наоѓа на околу 3.600 километри југозападно од Пекинг, во соопштение на нивната веб-страница. .

Досегашните податоци укажуваат дека пожарот настанал откако се запалила транспортната лента. Иако безбедноста на рудниците и рударите во Кина е подобрена во изминатите десет години, несреќите сè уште се чести, главно поради лошото спроведување на безбедносните правила.

Во февруари, 53 лица загинаа при уривање на рудник за јаглен во Внатрешна Монголија. Десетици од нив останаа под урнатините. Точниот број на загинати долго време не се знаеше, бидејќи властите со месеци не го соопштуваа бројот на загинатите. Дури во јуни откриле дека во несреќата загинале 53 лица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk