logo
logo
logo

Најмалку 16 луѓе загинаа при превртување на патнички автобус во Индонезија

Vecer | 22.12.2025

Најмалку 16 луѓе загинаа при превртување на патнички автобус во Индонезија

Возачот на автобусот во кој имало 34 патници изгубил контрола и удрил во бетонска ограда пред да се преврти на страна, изјави шефот на Агенцијата за потрага и спасување.

Автобусот се движел од главниот град Џакарта до древниот кралски град Јогјакарта, а се превртел кај градот Семаранг во централна Јава.

Полицијата и спасувачките екипи пристигнале на лице место околу 40 минути по несреќата и ги пронашле телата на шест патници кои починале на самото место. Уште десет луѓе починале на пат кон болница или додека им била укажувана помош. Од 18-те повредени кои биле пренесени во две блиски болници, пет лица се во критична состојба, а 13 во тешка состојба.

Очевидци рекле дека автобусот се движел со голема брзина пред возачот да изгуби контрола над возилото, изјави шефот на полицијата на Централна Јава, Рибут Хари Вибово. Тој кажа дека причината за несреќата сè уште се истражува.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk