logo
logo
logo

Најмалку 14 жртви од обилните дождови во бразилскиот град Хуиз де Фора (Видео)

Vecer | 24.02.2026

Најмалку 14 жртви од обилните дождови во бразилскиот град Хуиз де Фора (Видео)

Дождот предизвика поплави и лизгање на земјиштето, а наставата во општинските училишта е прекината, соопштија локалните власти.

Специјализирани тимови беа мобилизирани за да помогнат и да трагаат по исчезнатите. Федералните и државните агенции се повикани да му помогнат на градот во државата Минас Жераис, која прогласи состојба на катастрофа, соопшти градското собрание.

Голем дел од Бразил влегува во пикот на сезоната на дождови во текот на летото, што трае од декември до март, карактеризирана со многу чести и обилни поројни дождови, грмотевици, поплави и лизгање на земјиштето.

Градското собрание Хуиз де Фора изјави дека ова е највлажниот февруари во историјата на градот. Количествата врнежи се двојно поголеми од очекуваните за овој месец. Градоначалничката Маргарида Саломао на социјалните мрежи објави дека ситуацијата е критична.

Бразилскиот Национален институт за метеорологија денеска издаде предупредување за обилни дождови во одредени делови од 14 федерални држави вклучувајќи ги и целата област Минас Жераис и Рио де Жанеиро.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk