Мексиканската морнарица во соопштение наведе дека 13 лица го загубиле животот во несреќата, а 98 се повредени, од кои 36 лица се задржани на болничко лекување.
Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум изјави дека пет лица се во критична состојба.
Во претходното соопштение, морнарицата наведе дека возот, составен од четири вагони и две локомотиви, превезувал 241 патник и девет членови на персоналот кога излетал од шините во близина на градот Низканда.
„Интерокеанскиот воз“ сообраќал преку превлаката Техуантепек, од пристаништето Салина Круз на брегот на Пацификот до Коацакоалкос во Мексиканскиот Залив.
Морнарицата соопшти дека ангажирала 360 припадници на морнарицата, 20 возила, четири амбулантни возила, три хеликоптери за итна медицинска помош и тактички дрон во операцијата за пребарување и спасување.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата