Осум лица, наводно, биле убиени во напади на криминални групи, а уште пет загинале во судирите со полицијата од вторникот, објави Ројтерс.
Според соопштението на одделот за безбедност на Рондонија, криминалците во тој период запалиле 20 автобуси, од кои повеќето биле училишни.
Поради напади на банди, властите одлучија да ги ограничат часовите во кои работи јавниот превоз, а полициска придружба им е доделена во градските автобуси.
Бразилската федерална влада испрати сили за национална јавна безбедност во Рондонија, кои ќе ѝ помогнат на државната полиција да го спречи бранот насилства најмалку во следните 90 дена.
Полицијата во Порто Вељо тврди дека нападите се одмазда на криминалната фракција Commando Vermelho против полицијата, за операција во станбен комплекс во област на градот контролирана од бандата, според порталот G1.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата