logo
logo
logo

Најмалку 13 патници загинаа во автобуска несреќа во централен Иран

Vecer | 16.12.2025

Најмалку 13 патници загинаа во автобуска несреќа во централен Иран

Повредените се однесени во блиските болници, пренесе државната агенција ИРНА. 

Несреќата се случила во близина на Натанц, додека автобусот патувал од градот Исфахан.

Причината за несреќата сè уште не е официјално утврдена, но властите веруваат дека возачот можеби заспал на воланот и ја изгубил контролата врз возилото.

Канцеларијата на гувернерот на Исфахан соопшти дека ќе започне интензивна истрага откако сите патници ќе добијат медицинска помош.

Во сообраќајни несреќи секоја година во Иран гинат околу 20.000 лица. Полицијата за ваквата состојба вината ја посочува кај старите и небезбедни возила, лошото почитување на сообраќајните прописи и пребрзото возење, потсетува ДПА.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk