Случајот со Алисон Боте, која беше киднапирана во Јужна Африка во 1994 година, по што киднаперите ја силувале, ѝ го пресекле грлото и ја оставиле да умре го потресе светот.
Алисон ја напуштила својата куќа на 18 декември и излегла за да оди на забава, не ни сомневајќи се што ќе се случи. Го возела својот автомобил до стан во Порт Елизабет, Јужна Африка, а потоа започнал нејзиниот пекол.

Се паркирала, а маж ѝ влетал со нож во автомобилот и и наредил да седне на другото седиште, заробувајќи ја во сопственото возило. Потоа го собрале соучесникот, па ја одвеле на напуштено место на периферијата од градот.
Монструозен чин
Во таа недојдија брутално ја силувале, и ги извадиле цревата и ѝ го исекле грлото толку длабоко што за малку била обезглавена. Ја оставиле да умре на чистинка. Алисон сè уште дишела и се борела.
- Сфатив дека мојот живот е премногу вреден за да го пуштам. И тоа ми даде храброст да преживеам, изјавила подоцна.
И ги осакатиле репродуктивните органи

Киднаперите, Франс ду Тват и Теун Кругер, веднаш рекле дека ќе имаат интимни односи со неа и ја прашале дали ќе се бори со нив. Алисон, видно исплашена за својот живот, рекла дека ќе биде мирна.
И двајцата имале историја на насилство врз жени и ја силувале, по што решиле да ја убијат. Ја прободеле 30 пати во стомакот, а потоа и ги осакатиле репродуктивните органи и и ја отвориле утробата.
Кога нејзината нога се згрчила, Ду Тоит и Кругер одлучиле дека работата сè уште не е завршена. Потоа и го пресекле грлото - 16 пати. Но, иако ја изгубила свеста, Алисон се одржала во живот. Можеби тој факт ја спасил.
- Сè што можев да видам беше рака која се движи над моето лице. Лево и десно и лево и десно. Неговите движења испуштаа звук. Влажен звук, тоа беше звукот на моето месо како се отвора. Ми го пресече грлото со нож. Повторно и повторно и повторно, се присетила таа. Изгледаше нереално, но не беше. Не чувствував никаква болка, но тоа не беше сон. Ова се случуваше. Човекот ми го пресече гркланот, изјавила осакатената девојка.

Очигледно задоволни што ја убиле, Ду Тоит и Кругер си заминале — несвесни дека Алисон сè уште дише. Лежејќи на песокот, Алисон знаела „барем морав да оставам трага за тоа кој ми го направи ова“.Таа одлучила да ги впише имињата на нејзините напаѓачи во земјата. Потоа напишала уште и: „Ја сакам мама“.
Преживеала
Во далечината можела да ги види фаровите кои доаѓаат низ грмушките. Решена да преживее, Алисон Бота се упатила кон фаровите. Како што се подигнала, главата почналаа да ѝ паѓа - речиси била обезглавена. Чувствувала како цревата излегуваат од нејзината утроба.
- Додека се борев да одам напред, видот ми се заматуваше и избледуваше и многупати паѓав, но успеав повторно да станам додека конечно не стигнав на патот, рекла.

Се срушила на земја, каде што ја пронашол млад студент по ветерина по име Тијан Ајлерд. Го искористил своето ветеринарно знаење за да ја врати изложената тироидна жлезда на Бота во нејзиното тело. Потоа повикал брза помош.
Морбидни сцени
Алисон Бота итно била префрлена во болница, каде лекарите биле запрепастени од нејзините ужасни рани. Еден лекар, Александар Ангелов, подоцна рекол дека никогаш не видел толку тешки повреди во неговите 16 години бавење со медицина.
Алисон билана работ на смртта, но успеала да се извлече - а исто така се сеќавала на сè за нејзините напаѓачи. Набрзо можела да ги идентификува од полициските фотографии додека сè уште била во болница. Ова довело до брзо апсење на „убијците силувачи“, како што ги нарекуваа во печатот
Ду Тват и Кругер се изјаснија за виновни по осум точки од обвинението за киднапирање, силување и обид за убиство. И двајцата беа прогласени за виновни и осудени на доживотен затвор во август 1995 година.
Филмот „Алисон“ е снимен според оваа страшна приказна, а таа стана мотивациски говорник и ја споделваше својата приказна. Исто така, иако нејзината внатрешност била искасапена, Алисон родила два сина.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата