logo
logo
logo

Нафтогас: Во руски напад оштетени капацитети за производство на гас

Vecer | 07.03.2025

Нафтогас: Во руски напад оштетени капацитети за производство на гас

- Ова е седумнаесетти комбиниран напад врз инфраструктурните објекти на ‘Нафтогас’ за транспорт на гас. Оштетени се производствени погони што обезбедуваат гасно снабдување. За среќа, нема жртви, изјави Роман Чумак, шеф на групацијата „Нафтогас“, пренесе „Укринформ“.

Тој додаде дека во тек е отстранување на последиците од гранатирањето и проценка на штетите.

- Групацијата ‘Нафтогас’ ги презема сите неопходни мерки за обновување на работата на погодените капацитети. Ќе направиме сè што е потребно за земјата да има континуирано снабдување со гас, нагласи Чумак.

Украинскиот министер за енергетика, Герман Галушченко, изјави дека руските сили извршиле масовен напад врз енергетската и гасната инфраструктура во различни региони на Украина со ракети и дронови. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk