logo
logo
logo

Над 50 загинати во северна Газа, САД се „вознемирени“

Vecer | 16.05.2025

Над 50 загинати во северна Газа, САД се „вознемирени“

Преживеаните велат дека многу луѓе сè уште се под урнатините, а погодена била и болница.

Израелската војска соопшти дека силите продолжуваат да напаѓаат „терористички цели“ врз основа на разузнавачки информации. Израелските одбранбени сили велат дека војниците „демонтираат локации на терористичка инфраструктура“ и „елиминираат терористи“, како и дека 150 цели биле погодени со воздушни напади во изминатите 24 часа.

Нападите низ северна Газа доаѓаат во време кога американскиот претседател Доналд Трамп ја завршува својата посета на земјите од заливот, но не и на Израел. американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека администрацијата на претседателот е „вознемирена“ од хуманитарната ситуација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk