logo
logo
logo

Над 50 луѓе се убиени во напад на воен конвој во Мали

Vecer | 08.02.2025

Над 50 луѓе се убиени во напад на воен конвој во Мали

Нападот се случил во близина на селото Кобе, на околу 30 километри од градот Гао, во регион каде екстремистите поврзани со Исламската држава и Ал Каеда се активни повеќе од една деценија, дестабилизирајќи ги Мали и соседните Буркина Фасо и Нигер, пренесува Ројтерс.

Неименуван локален претставник изјавил дека 56 тела на загинатите биле донесени во болница во градот Гао, додавајќи дека непознат број војници се ранети.

Еден локален жител исто така изјавил дека загинале околу 50 луѓе и дека биле запалени неколку возила.

Екстремистичките активности започнаа во северниот дел на Мали по сепаратистичкиот бунт Туарег во 2012 година, а оттогаш исламистите се проширија во другите земји во сиромашниот централен регион Сахел јужно од Сахара, потсетува агенцијата.

Во нивните напади загинаа илјадници луѓе и предизвикаа хуманитарна криза во која досега се раселени 3,2 милиони луѓе, покажуваат податоците на Меѓународната организација за миграција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk