logo
logo
logo

Над 200 британски компании прифатија четиридневна работна недела

Vecer | 27.01.2025

Над 200 британски компании прифатија четиридневна работна недела

Помеѓу компаниите кои се согласија на четиридневна работна недела има маркетиншки агенции, ИТ фирми и консултантски друштва, кои заедно вработуваат над 5.000 луѓе.

- Петдневната работна недела е измислена пред 100 години и повеќе не е погодна за целта, изјави директорот на директор на кампањата на Фондацијата четиридневна недела, Џо Рајли.

Тој додаде дека стотици британски компании и еден локален совет покажаа дека четиридневната недела без намалување на платите може да биде добитна комбинација и за работниците и за работодавците.

- Со 50 проценти повеќе слободно време, четиридневната недела им дава на луѓето слобода да живеат посреќни и поисполнети животи, посочи Рајли. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk