logo
logo
logo

Началникот на царината на Украина под истрага бидејќи не пријавил куќа во вредa над 100.000 $

Vecer | 07.01.2025

Началникот на царината на Украина под истрага бидејќи не пријавил куќа во вредa над 100.000 $

Украинските власти го испитуваат директорот на Царинската служба, Серхи Звјагинцев поради сомневање дека не пријавил куќа во близина на Киев, чија вредност се проценува на повеќе од 100.000 долари, соопшти денеска Националното биро за борба против корупцијата.

Истражителите веруваат дека Звјагинцев и неговото семејство се сопственици на куќа од 236 квадратни метри, како и на имот во предградието на Киев, кој е регистриран на неговиот свекор, пренесува „Киев Индипендент“.

Системот на задолжително пријавување на имотот беше воведен како дел од борбата против корупцијата во периодот од 2013 до 2014 година, но беше суспендиран по почетокот на војната во Украина./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk