logo
logo
logo

На аеродромот „Истанбул“ истовремено ќе се слетува и полетува од три писти

Vecer | 17.04.2025

На аеродромот „Истанбул“ истовремено ќе се слетува и полетува од три писти

Меѓународниот аеродром „Истанбул“ ќе биде првиот во Европа на кој истовремено ќе се одвиваат слетувања и полетувања од три одделни писти, благодарение на воведувањето на специјален систем за управување со воздушниот сообраќај, изјави синоќа турскиот министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу.

„Благодарение на новиот систем, до три авиони ќе можат да слетаат или полетуваат истовремено од три одделни писти“, рече Уралоглу, нагласувајќи дека системот ќе биде пуштен во употреба денеска во 10 часот по локално време.

„Во САД веќе е имплементирана истовремената работа на три одделни писти, но аеродромот во Истанбул прв ќе го воведе овој модел во Европа“, додаде Уралоглу, нагласувајќи дека иновацијата ќе придонесе и за поефективно искористување на расположливата инфраструктура.

Според Уралоглу, подготовките за воведување на новиот систем започнале уште во 2022 година, бидејќи пред воведувањето биле извршени многу тестови, анализи, проучувања и симулации. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk