logo
logo
logo

Мртов пијан влетал низ излог, сакал да ја убие поранешната девојка и мајка ѝ (ВИДЕО)

Vecer | 09.09.2024

Мртов пијан влетал низ излог, сакал да ја убие поранешната девојка и мајка ѝ (ВИДЕО)

Застрашувачката снимка од видео надзор го покажува Вилијам МекБурни како влетува низ излогот на продавница за погреби, каде што неговата поранешна девојка Зои Турнбул и нејзината 71-годишна мајка Беверли избегале до ѕидот во страв, објави Дејли Меил.

Двете жени биле повредени во нападот што се случил во декември 2022 година во Џедбург, Роксбургшир. Сега човекот е затворен откако го призна обидот за убиство пред Високиот суд.

За време на судењето било кажано дека поранешниот инструктор за возење во полициската служба на Северна Ирска пиел виски од 6 часот наутро на денот на нападот. Возел речиси три пати побргу од дозволената брзина кога намерно забрзал по соседната улица кон продавницата каде што била неговата поранешна девојка.

Неговиот автомобил се качи на тротоарот, искрши две големи саксии и влета низ стаклен излог, со што стаклото летало насекаде и удрило во канцелариското биро толку силно што се забило во задниот ѕид.

Снимката од инцидентот покажува колку блиску дошол да ги згази двете жени додека тие очајно се притискале на страничните ѕидови од канцеларијата. Мекберни, кој се здобил со изгореница на зглобот кога се отвориле воздушните перничиња на автомобилот, веднаш рече: „Жал ми е. Не знам што мислев.'

Мајката на две деца, која била во врска со него околу две години, изјавила: „Никогаш не сакав да бидам во врска со него, но кога ќе се обидов да му кажам или да застанам за себе, тој почнуваше да ме напаѓа. Зад затворени врати го контролираше секој аспект од мојот живот, но во јавноста беше шармантен за сите. Ми се слоши – рекла таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk