- КНДР веќе добива руско воено оружје и обука. Имаме причина да веруваме дека Москва планира да сподели напредни технологии за сателити со Пјонгјанг, рече Блинкен на прес-конференција во Сеул.
САД сметаат дека Русија би можела да го признае нуклеарниот статус на Северна Кореја, додаде Блинкен.
На заедничка прес-конференција, Блинкен и неговиот јужнокорејски колега Чо Те-Џул го осудија тестирањето на балистичка ракета од Северна Кореја, нагласувајќи дека тоа ги прекршува резолуциите на ОН. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата