logo
logo
logo

„Монструмот од Авињон“ наместо на суд да сведочи пред децата, итно е пренесен во болница

Vecer | 10.09.2024

„Монструмот од Авињон“ наместо на суд да сведочи пред децата, итно е пренесен во болница

Судијата Роџер Арата објави дека обвинетиот Доминик Пелико (71) добил медицинска помош откако денеска се очекуваше да сведочи на судењето за злосторството што ја шокираше Франција, пишува „Дејли мејл“.

Пензионираниот електричар признал дека ѝ ставал моќни седативи во вечерниот оброк на неговата сопруга Жизел речиси цела деценија за да ја онесвести.

Околу 84 мажи кои ги запознал на интернет, потоа наизменично влегувале во нивната скромна куќа во село во близина на Авињон за да ја силуваат во нивниот брачен кревет.

Полицијата пронашла и ужасни слики од неговата ќерка Керолин и двете снаи меѓу околу 200.000 слики и видеа што ги чувал во компјутерска датотека наречена „злоупотреба“.

Според обвинението, монтрумот од Авињон во период од 10 години ја дрогирал сопругата Жизел (72) за да ја силува или да дозволи непознати да ја силуваат. И тоа на нивниот брачен кревет, додека тој гледал и снимал сѐ.

Ќерката на Доминик Пеликот, Керолин Даријан (45), чии разголени фотографии ги направил нејзиниот татко на нејзиниот кревет и која е убедена дека и таа била дрогирана на ист начин, го опишува својот татко како „најголемиот сексуален престапник во последните години“.

Полицијата идентификувала повеќе од 200 силувања, додека на 50 осомничени силувачи сега им се суди заедно со Доминик Пелико во Авињон.

Судењето е јавно по желба на жртвата на ова невидено злосторство.

Повеќе од 200 злосторства се случиле помеѓу 2011 и 2020 година. Нејзиниот сопруг извршил 108 од нив, а непознатите лица 92.

"Лежам неподвижно на креветот и ме силуваат. Тоа се варварски сцени. За мене тоа се хорор сцени", рекла Жизел која сакала цел свет да дознае што доживеала.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk