logo
logo
logo

Молдавскиот тајкун Плахотњук осуден на 19 години затвор поради финансиски малверзации

Vecer | 22.04.2026

Молдавскиот тајкун Плахотњук осуден на 19 години затвор поради финансиски малверзации

Обвинителството бараше затворска казна од 25 години за Плахотњук. Тој има право на жалба на денешната пресуда.

Против Плахотњук се води и истрага за фалсификување на документи односно имал 18 лажни документи, што укажува дека користел различни идентитети.

Плахотњук од 2016 година беше претседател на Демократската партија на Молдавија, но откако во 2019 година не успеа да формира влада, побегна од земјата. Неколку години не се знаеше каде престојува, а во јули минатата година е уапсен во Грција, а од септември е во затвор во Молдавија.

Тој се декларираше за проевропски политичар, но обвинет е и дека учествувал во проруски кампањи за време на избори и се обидувал да го попречи европскиот пат на Кишињев.

Се проценува дека Плахотњук преку банкарски измами присвоил најмалку 850 милиони евра, што е една осмина од бруто домашниот производ на Молдавија.

Вашингтон во 2020 година го прогласи молдавскиот тајкун за „персона нон грата“ од Вашингтон, а две години подоцна е ставен на црната листа и на СаД и на Велика Британија.

Бизнис империјата на Плахотњук вклучуваше нафта, финансии, хотели, медиуми и недвижности, а беше и сопственик на една од најголемите банки во Молдавија, „Викторија банка“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk