logo
logo
logo

ММФ почна нова ревизија на програмата за помош на Украина вредна 15,5 милијарди долари

Vecer | 20.05.2025

ММФ почна нова ревизија на програмата за помош на Украина вредна 15,5 милијарди долари

Станува збор за осми преглед на користењето на средствата од програмата Extended Fund Facility (EFF), која е осмислена да ги стабилизира украинските јавни финансии, тешко погодени од руската инвазија, и да обезбеди гаранција на меѓународните сојузници дека Украина спроведува одговорни економски политики и се бори против корупцијата.

- Таа програма за нас останува клучен елемент на отпорноста, особено во овие времиња, рече гувернерот на Украинската народна банка, Андриј Пишниј.

Од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, украинската економија претрпе огромни штети: милиони луѓе избегаа, градови и инфраструктура се уништени, а синџирите на снабдување се прекинати.

Во првата година од војната, украинскиот БДП падна за речиси 30 проценти.

Иако економијата сè уште не се врати на нивоата пред кризата, забележан е скромен раст во текот на 2023 и 2024 година.

Целта на редовните ревизии на ММФ е да се осигури дека Украина ја задржува макроекономската стабилност и дека средствата се користат транспарентно, во согласност со поставените цели.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk