logo
logo
logo

ЖИВОТИТЕ НА МЛАДИТЕ СЕ ПРОМЕНИЈА ЗАСЕКОГАШ: Овие работи повеќе никогаш нема да ги прават

Vecer | 17.02.2021

ЖИВОТИТЕ НА МЛАДИТЕ СЕ ПРОМЕНИЈА ЗАСЕКОГАШ: Овие работи повеќе никогаш нема да ги прават

Пандемијата која го нарушува нормалниот живот низ целиот свет веќе една година, ќе има долгорочни последици врз населението на возраст од 25 до 35 години, а да не ги спомнуваме постарите лица.

Ова барем го покажуваат резултатите од истражувањето спроведено на младите  на неколку влијателни универзитети во Англија, Полска, Холандија, Белгија и Данска.

Во истражувањето спроведено на над 400.000 млади на возраст од 25 до 35 години низ Западна Европа, резултатите покажале дека 73 проценти од нив никогаш повеќе нема да пијат од иста чаша со пријател, додека 70 проценти од нив никогаш повеќе нема да ги бакнуваат луѓето дури и на образ без разлика дали се познаваат.

Околу 70 проценти од помладите луѓе одлучиле да применат мерки за социјално растојание дури и по вакцинирањето. Потоа околу 40 проценти млади повеќе нема споделуваат други работи со останатите, како што се шминка, храна на улица,  додека во трговските центри ќе ги користат јавните уреди само ако се дезинфицирани.

Интересно е и тоа што околу 25 проценти од младите испитаници изјавиле дека најважната точка за враќање во социјалниот живот е тоа што тие секогаш ќе бидат во мала компанија и нема да влегуваат во ресторани или пабови каде што е преполно.

- Тоа најмногу ќе се види на концертите, фестивалите и другите затворени собири. Луѓето ќе носат средства за дезинфекција со нив дури и по епидемијата. Пандемијата ни ги отвори очите кога станува збор за хигиената, вели Ребека Штраус од Vision Direct, компанијата која спроведе истражувањето во Велика Британија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk