Топчињата, овој пат сиви или бели, ги наведоа властите да затворат девет плажи, вклучувајќи ги и популарните плажи Менли и Ди Уаи, додека властите истражуваат.
Осум плажи, вклучително и Бонди, беа затворени неколку дена во октомври и беше наредено големо чистење откако илјадници црни топчиња почнаа да се појавуваат на морскиот брег.
Тестирањето на властите покажало дека топчињата најверојатно се резултат на излевање на канализација.
Градоначалничката Сју Хајнс рече дека најновите топчиња „може да бидат што било“, според австралиски Гардијан.
„Во овој момент не знаеме што е тоа и тоа е уште позагрижувачко. Има нешто што јасно протекува или испаѓа, лебди таму и се фрла наоколу“, рече таа, според Би-Би-Си.
Во денешната објава на Фејсбук, Советот на северните плажи рече дека Агенцијата за заштита на животната средина на Нов Јужен Велс (ЕПА) ги предупредила за новите топчиња.
Агенцијата и Советот планираа да собираат топчиња за тестирање и да ги проверат другите плажи во областа.
Секој што ќе ги забележи топчињата треба да ги извести властите.
Иако нашироко се пишуваше дека се „топчиња од катран“, подоцна беше откриено дека остатоците пронајдени во октомври содржат сè, од масло за јадење и молекули на сапун до лекови за крвен притисок, пестициди, коса, метамфетамин и ветеринарни лекови.
Научниците рекоа дека тие личат на маснотии и маслени дамки , кои најчесто се формираат во канализационите системи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата